ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот, ако не, тогаш…

ВМРО-ДПМНЕ бара нацрт-законот за попис на населението да се повлече од собраниска постапка. Ако не, тогаш опозицијата најавува иницијатива и мобилизација на граѓаните за укинување на законот, ако тој биде донесен. Христијан Мицкоски се заканува дека ако не бидат земени предвид барањата на опозицијата, тогаш неговата партија нема ни да ги признае податоците од пописот.

Заменик-министерот за правда, Агим Нухиу на расправата за законот рече дека тој ги исполнува сите европски стандарди.

„Во однос на коректниот и соодветниот принцип на учесниците во пописниот процес, ние зборуваме за комисиите на пописните региони, инструкторите и попишувачите, институционализирана е обврската за спроведување на овој принцип при нивното назначување.“

Албанската опозиција обвинува дека начинот на кој власта сака да го донесе законот за попис е организиран на начин да се спречат пратениците да предлагаат амандмани.

„Имаше добро организирана тенденција опозицијата да не може да предлага амандмани. Која беше целта? Или да се замолчи опозицијата или постои втора можност – опозицијата да не учествува во овој процес и потоа да биде обвинета дека е одговорна за неуспехот на пописот, како во 2011 година.“

Од ВМРО велат дека зад пописот се крие политичка операција.

Законот за попис се движи кон усвојување без изготвување на методологија за спроведување на процесот. Извори од парламентарното мнозинство велат дека гласањето на законот се очекува да се одржи во четврток. Пописот се планира да се одржи од 01 до 21 април пролетва.

Adrian Kerimi

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button