ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ бара оставка и кривична одговорност од Османи

ВМРО ДПМНЕ бара оставка и кривична одговорност од Османи

ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за надворешни работи се судрија околу употребата на јазиците. Од опозициската партија повикаа Бујар Османи да поднесе оставка, бидејќи на последната средба со неговиот шпански колега кој беше во посета на земјава го користел албанскиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ бара за Османи и кривична одговорност, зашто, како што додаваат, тој го нарушил угледот на државата.

„Од официјалната средба на Османи со министерот за надворешни работи на Шпанија преку прес конференцијата јасно се гледа дека Османи единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој е службен јазик на Македонија за меѓународна употреба утврден со Уставот. Ова однесување е кршење на Уставот на државата, но и на самиот Рамковен договор“, изјави Марија Митева – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.а

Инаку, на прес-конференцијата Османи говорот го започна на македонски јазик, а потоа истата содржина ја повтори и на албански јазик, што за него веќе подолг период е воспоставена практика.

Од Министерството за надворешни работи ги демантираа обвинувањата на опозицијата. Оттаму велат дека за време на велигденските празници ВМРО-ДПМНЕ преку употреба на лаги и измислени факти создава етнички тензии и поделби во општеството.

„Примената на Законот за јазици на сите настани што се организираат од страна на Министерството за надворешни работи, кои патем се чести, јавни и многубројни, е секогаш соодветно имплементирана. На секој настан министерот се обраќа пред домашната јавност на двата службени јазика дефинирани според Уставот и Законот за јазици, при што Министерството обезбедува превод“, велат од Министерство за надворешни работи.

Од МНР побараа ВМРО-ДПМНЕ да се извини и истакнаа дека употребата на службените јазици во земјава е материја која е регулирана со закон и не треба да биде предмет на политичка пресметка.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button