ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за референдумот до Собранието

ВМРО ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за референдумот до Собранието

Иницијативата за организирање на референдумот е поднесена до Собранието, и сега на ред е законодавецот да оцени дали иницијативата формално е во ред. Од ВМРО-ДПМНЕ како предлагач на иницијативата нема да бидат изненанадени ако иницијативата се отфрли како нерегуларна.

Advertisements

Од кабинетот на првиот човек на Собранието Талат Џафери, велат дека тој се уште не ја добил иницијативата.

Доколку иницијативата се оцени како формално неправилна, Собранието за тоа го известува предлагачот. Доколку иницијативата се оцени како формално уредна, предлагачот може да почне да собира 150.000 потписи за организирање на референдумот.
Прашањето на референдумот иницирано од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде: Дали сте за укинување на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017 година./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button