ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ казнета со 3000 евра поради непочитување на Судот

ВМРО – ДПМНЕ е казнета со 3 илјади евра. Опозициската партија заработи ваква казна, поради одлуката на Димче Арсовски кој ја претставуваше паријата на суд, да ја напушти судницата за случајот „Талир 1“ . ВМРО ДПМНЕ во овој предмет е обвинета за незаконско финансирање. Арсовски одлучи да излезе, откако судијата го прекина во неговото излагање по реакциите дека држи политички наместо правнички говор. Портпаролот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, побара еден од судиите поротници да биде изземен, оти наполнил 60 години и законски не може да биде поротник.

„Бараме почитување на Законот,а тоа е да да прекине функцијата на господинот Митко Сандев, поради навршени 60 години. За жал се уште претседателот на судот Иван Џолев за кој сметаме дека е главниот извршител на Зоран Заев во овој суд, нема поднесено иницијатива иако Митко Сандев има навршено 60 години“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.

Судскиот совет, досега го нема разрешено поротникот, поради тоа што наполнил 60 години и не откриваат дали на некоја од следните седници ќе се разгледува ова прашање. Законот за судови предвидува дека на поротник со навршени 60 години, му престанува функцијата. Со евентауален престанок на функцијата на овој поротник, судењето за случајот „Талир 1“ би почнало од почеток, иако предметот веќе е во фаза на изведување на писмени докази на обвинителството. Обвинението за незаконско финанисирање на ВМРО – ДПМНЕ го поднесе веќе згаснатото СЈО во ноември 2018 – та година а судењето започна во февруари 2019 – та година. Обвинети се бегалецот Никола Груевски и неговите тогашни блиски соработници, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски како и Илија Димовски и Леко Ристовски. Елизабета Чингаровска призна вина и доби условна казна. Според обвинителството тие преку наводни уплати – донации од членови на партијата, обезбедиле 4,6 милиони евра за ВМРО ДПМНЕ. Поради случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ замрзнат е имотот на ВМРО – ДПМНЕ.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button