ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Левица се заканува со блокади, но законот за државјанство си врви

Парламентарното мнозинство не се плаши од блокирање на Собранието, како што најави партијата Левица поради предлог-законот за државјанство, предложен од Владата со европска sвезда. СДСМ смета дека Левица има поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, опозицијата ќе ја плати цената за блокадите на локалните избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека прво ќе го анализираат текстот на законот, а потоа ќе одлучат дали ќе го поддржат. Најголемата опозициска партија одби да коментира за блокадата што ја најавува Левица, но потсетија дека од СДСМ ветиле оти европската sвезда нема да биде злоупотребувана.

Изјавите на Левица не ги коментираше ниту албанската опозиција. Од Aлијанса за Албанците и Алтернатива велат дека нивната енергија е насочена кон усвојување на законот пред годишниот одмор на Собранието кој почнува на почетокот на август, но оти се отворени за конструктивни и суштински измени за време на разгледувањето на предлогот. Неофицијално, предлог-законот за државјанство се очекува да биде ставен на дневен ред на седница на 22 јули.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button