ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДСМ-ДУИ ќе доживее тежок дебакл

„Ја разбираме паниката, но и стравот на СДСМ и ДУИ од окрупнувањето на опозицијата затоа што и СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени на овие избори“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, кога господинот Груби зборува за некои минати времиња, вредно е да го спомнеме следното:

Ги паметиме со насмевка деновите кога Артан Груби секојдневно беше дел од ентериерот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при таквите посети не можеше да го сокрие неговото воодушевување.
Воедно Артан Груби важи и за еден од првите најбрзи пратениците кога на времето го притискаше копчето за гласање на владите на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде нагласуваат дека најдобар портпарол во моментов на СДСМ е Артан Груби.

Според партијата на Мицкоски Груби е познат по неговите чести трансформации при што веруваат дека за многу брзо време јавно ќе се кае за овие негови инсинуации.

„Криминалната коалиција СДСМ – ДУИ ќе доживее тежок дебакл“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button