ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ на протест: Не потпишаа капитулација, се исплашија од вас, народот!

ВМРО – ДПМНЕ и денеска на протест во Скопје. Со автомобили пристигнаа пред Владата. Опозицијата повика на обединетост, за како што велат, да престане распродажбата на македонските национални интереси од страна на премиерот Зоран Заев. И денеска ВМРО – ДПМНЕ побара оставка од Заев. Како главна причина, според опозицијата, зошто земјава не започнала преговори со ЕУ е корупцијата и криминалот.

„Бидете горди, еден прв мал чекор е направен. Зоран Заев и неговата предавничка екипа беа спремни уште минатат недела да ја распарчат Македонија. Беа спремни уште минатат недела да капитулираат и да потпишат нешто, што Македонец не би ни помислил. Заради вас, заради сите коишто излегувате на улиците, таков потпис гледате нема, се уплашија од народот.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button