МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака оставка од Заев за да има објективна истрага

Народот не сака театар од Заев, сака оставка за да има објективна истрага, наведуваат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се додава:

Понудената оставка од Филипче е изнудена поради притисокот од народот. Партиските инструкции за одбрана на Филипче по социјалните мрежи покажуваат дека Заев несериозно ја сфаќа задачата околу тетовската несреќа.

Истрагата може да биде објективна само ако и Филипче, и Артан Груби и Заев си дадат оставка за да нема политичко влијание во самата истрага во која згаснаа 15 животи.

Заев да не се крие, туку да излезе и даде одговори. Молкот внесува недоверба и покажува дека се заташкуваат и прикриваат докази.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button