ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во јавната расправа за уставните измени

ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во јавната расправа за уставните измени

Наскоро со опсежна јавна расправа треба да почне процедурата за изготвување уставни амандмани. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека работните групи ќе ги сочинуваат претставници од повеќе сфери.

Од ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да бидат дел од овој процес велејќи дека проблематичните прашања веќе ги објавиле во јавноста. Првиот човек на оваа партија вели дека само избори би дале решение.

Јавната расправа за уставните измени треба да почне сега за тие да влезат во собраниска процедура во мај. Ова се оптималните рокови за измените да се направат до крајот на годината, кога ќе заврши скринингот и ќе треба официјално да започне отворањето на преговарачките поглавја со ЕУ.

Последното истражување на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“ покажа дека големо мнозинство во Македонија е против уставни измени. Според истражувањето, овој услов не е прифатлив за 80 проценти од Македонците, односно за 65 проценти од сите граѓани. Исто така, евроскептицизмот продолжува да расте. Во 2022 година 64 отсто од населението позитивно би гласале за членство во ЕУ, што е за четири отсто помалку отколку во 2021 година./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button