ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека РЕК „Битола“ и „Осломеј“ работат половично и оти се увезува струја

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение изнесе тврдења дека термоелектраните РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ работат со половичен капацитет и ги обвини властите дека лажат кога велат дека не увезуваат струја и дека сите потреби за електрична енергија се задоволуваат од домашно производство.

Од партијата велат дека на 24 октомври биле произведени вкупно 11 000 мегават-часа струја од сите енергетски капацитети, а потрошени се 13 000 мегавати, што, како што заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ, значи дека се увезени 2 000 мегавати електрична енергија.

„РЕК ‘Битола’ и РЕК ‘Осломеј’ заедно имаат инсталиран производствен капацитет од 810 мегавати. Тој капацитет не е искористен ниту половично. Имено, на 24 октомври, според јавно достапни информации, се гледа дека во функција биле 361 мегават, односно 44,6 отсто од инсталираниот капацитет. И во такви слаби услови термоелектраните произвеле над 70 отсто од домашната струја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button