МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нерегуларности, но очекува добри резултати

а првата прес-конференција по завршувањето на гласањето за локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ излезе со обвинувања кон власта за низа изборни нерегуларности, но и со оптимизам дека ќе има добар резултат по пребројувањето на гласовите.

„Имаме отворени сомневање за поткуп во Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Демир Капија, Неготино, Охрид, делови на Скопје. Брутален физички напад врз новинар и медиумски работници во Прилеп. Во 21 век имаме информации за бугарски воз, информации за полнење кутии во Сарај – за ова поднесовме и приговори“, изјави Миле Лефков од МВР-ДПМНЕ.

Меѓутоа, вели тој, партијата очекува дека народот ја препознал шансата и ќе се случат промени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button