ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ВМРО – ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на европската ѕвезда во законите што се разгледуваат во Собранието

ВМРО – ДПМНЕ ја обвинува власта за злоупотреба на европската ѕвезда во законите што се разгледуваат во Собранието. Во Комисијата за европски прашања каде што се читаше Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, опозицијата ги побара причините зошто предлогот првично беше поднесен со редовна постапка, а потоа и беше ставена европска ѕвезда. Но, власта ја обвинува опозицијата дека не ги познава парламентарните процедури. Според нив, главната Комисија на Предлог законот за кој станува збор е Комисијата за политички систем, додека онаа за европски прашања ја третира како заинтересирано тело бидејќи предлогот нема соодветна табела за европска ѕвезда.