ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ одбива да назначи експерти во групата за уставни измени

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли идејата на власта да номинира свои претставници во работната група за уставните измени со кои Бугарите и други заедници треба да се вметнат во Уставот.

Портпаролката на партијата, Марија Митева, кој е и член на Извршниот комитет, денеска порача дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е оти уставни измени нема да се случат во овој парламентарен состав.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Нема да учествува во такви работни групи од причина што ова е нелегитимен процес, и многу пати сме кажале и апелирале до власта да не се впушта во вакви процеси каде што од граѓаните нема апсолутно никаква поддршка“, рече Митева.

Нејзината изјава следува откако вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ синоќа во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма најави дека деновиве Владата ќе испрати писма до политичките партии со кои ќе побара да номинираат експерти за да бидат дел од групата за уставни измени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button