МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не ги испорачува потребните реформи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат рече дека политиката на официјална Софија не е основната пречка за почетокот на пристапните преговори, туку дека власта во Скопје доцни со спроведување на потребните реформи.

Advertisements

„Во последната извештајна година, за 2021 година, имаме средна оцена од 1,52. Никогаш досега не сме имале толку ниска оценка во однос на напредокот на поглавјата и усогласување на македонското законодавство со правото на ЕУ и усогласување на критериумите коишто се потребни. Тоа е така бидејќи од страна на власта не се испорачуваат реформите“, рече Ефтимов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button