МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го брани Мијалков

Заев го брани Мијалков, кај него завршија парите од „Рекет“, и тој мора да одговара, реагираат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение меѓудругото се додава:

Единствен кој го брани криминалот на Сашо Мијалков е Зоран Заев. Тој се договори со Мијалков да создава вештачка криза во ВМРО, и три години не смееше да го спомне во соопштение. Зоран Заев со црн владин пасат го донесе до ЈО.

Заев првин распиша потерници по Мијалков, за во една минута да ги симне. Заев се пазари со Мијалков на секој чекор и тоа го знаат и во СДСМ и сите граѓани.

На народот му се гади од превртливоста и криминогеноста на Заев.

Заев е главата и во „Рекет“. Бојан Јовановски кој сите го видовме како ја носи торбата полна со милиони, кажа дека истата завршила кај Зоран и Вице Заев, а ЈО не се охрабри ниту да ги повика на разговор.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button