ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО го блокира изборот на нови уставни судии

Деветнаесет продолженија на седницата за избор на уставни судии во собраниската Комисија, но ниту за еден не успеа да се заврши расправата. Зборуваа вкупно 9 пратеници, од 30 пријавени. Претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска вели дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин го блокираат изборот на нови уставни судии.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со часови држат говори. Најдолгиот од нив беше девет часа, а од партијата велат дека се далеку од завршени. Сите 30 пратеници на македонската опозиција се против изборот на Љубомир Јовески во Уставниот суд.

Во Комисијата за избори и именувања беа предложени девет кандидати за уставни судии, 6 од ВМРО-ДПМНЕ и тројца од парламентарното мнозинство. Но, треба да се изберат само тројца. Расправата застана кај предлогот на Владата, а тоа е актуелниот главен обвинител Љубомир Јовески. Двајцата други кандидати предложени од мнозинството Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева поминаа во комисијата.

Уставниот суд со месеци работи само со 5 судии, од вкупно 9. Во ноември истекува мандатот на уште еден, па оваа институција ќе се соочи со недостиг на кворум за работа.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button