ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО го брани министерот Алити од резрешување

ВМРО го брани министерот Алити од резрешување

Дали има или нема основа за разрешување на министерот за информатичко општество од редовите на Алтернатива, Адмирим Алити? За ова повторно се разговараше на продолжението на расправата во Собранието. Дебатата влезе во втората недела, но до разрешувањето на тројцата министри од партијата на Африм Гаши и назначувањето на нови од редовите на Алијанса за Албанците, се чини дека има многу долг пат.

ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на министерот Алити, велејќи дека Владата нема причина да разрешува некорумпиран министер. Ваквите кадри, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, говорат за квалитетот на партијата на Гаши. Со пофалбите на ВМРО се согласија и пратениците на Алнтернатива.

„Бруталното разрешување на министерот, ако е за коректната и чесна работа што ја направил, тогаш ни е чест. Жал ми е што се разрешуваат вакви министри. Таквиот пристап не е ниту морален, ниту европски. Ако одиме во Европа со ваков начин на размислување, да разјасниме и да веруваме дека не сме добредојдени“, рече Сафије Садики, Алтернатива.

Додека траеше дебатата, премиерот Ковачевски читаше книга и носеше слушалки.

Се извинувам колега Мисовски, но дали е дозволено премиерот да пушта музика додека зборувам?

  • Можеби може појасно да ве слушне што кажувате?
  • Јас сум пратеничка и сакам да ме слуша.
  • Не дебатирајте со премиерот, ви истекува времето. Ве уверувам дека премиерот внимателно ве слуша.
  • Многу е несоодветно да носите слушалки кога некој ви зборува и ви се обраќа лично, но секој има своја одговорност“, рече Иванка Василевска, ВМРО-ДПМНЕ.

Алтернатива ја напушти власта по договорот на премиерот за коалиција со Алијанса за Албанците. Премиерот ги предложи Кренар Лога за нов министер за правда, Фатмир Меџити за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество, Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Вјолца Бериша за заменик-министерка за земјоделство, сите од редовите на Алијанса. Од другите партии, Ковачевски ја предложи Каја Шутова за министерка за животна средина, Агим Нухиу за заменик-министер за образование и Маја Манолева за заменик-министерка за здравство./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button