ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО и Алијанса бараат оставки по катастрофата во Тетово

Претседателот Стево Пендаровски вели дека е прерано да се бара одговорност, политичка или морална, за трагедијата во Тетово. Тој рече дека меѓународната истрага ќе го отфрли секое сомневање за вистинската причина за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Advertisements

Од СДСМ велат дека истрагата ќе даде одговори за се.

„Истрагата што продолжува од синоќа ќе даде одговори на сите прашања. Нашите мисли се со тетовци, заедно сме во оваа болка“, рекоа од СДСМ.

Одговорност бараат и опозициските партии. Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села рече дека овие се денови на жалост и треба да се утврди одговорност.

„Во никој случај не смеат да поминат без одговорност. Но, во секој случај, сите ние треба да бидеме блиски до членовите на семејствата, утешувајќи ги колку што можеме. Самото наше присуство кај нив и пораките да издржиме се многу големи. Тоа значи многу за нив“, рече Села.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Заменик -претседателот на ВМРО Мисајловски, исто така, рече дека, за оваа трагедија, граѓаните сакаат да имаат извештај кој ќе биде веродостоен и точен.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button