ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО не кажува кој е следниот чекор против Владата на Заев после потврденото вето на Бугарија

Дури и по повеќенеделни протести низ земјава, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не посочува дали има план Б или ќе ги радикализира своите постапки против владата на Заев, која ја обвинува за предавство при напорите да ги реши споровите со Бугарија. И покрај неколкуте обиди да земеме став за проширување на нивните активности против власта, па дури и за идејата за интерпелација на владата, ВМРО-ДПМНЕ денеска избра да молчи. Лидерот Христијан Мицкоски, не одговори ниту на прашањата на АЛСАТ. Пред неколку дена претставници на ВМРО изјавија дека предлогот за гласање недоверба на владата е еден од можните чекори, сметајќи дека премиерот Заев не ја ужива поддршката од коалициските партнери. ВМРО најави интерпелации за премиерот, министерот за надворешни работи и вицепремиерот за евроинтеграции, но засега нема конкретна иницијатива во Собранието. ВМРО бара оставка од Заев и скоро секој ден протестира на улиците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button