ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО продолжи со обвинувањата кон вицепремиерот Артан Груби

ВМРО продолжи со обвинувањата кон вицепремиерот Артан Груби

ВМРО-ДПМНЕ продолжи со обвинувањата против првиот вицепремиер, Артан Груби, за сомневања за отворање на семејни бизниси вредни милиони со употреба на политичко влијание. Пратеникот Миле Лефков денеска го обвини братот на Груби дека купил деловен простор од околу половина милион евра, што предизвика сомнеж дали Груби го искористил својот политички авторитет за да купи објект на познатата улица „Македонија“.

Advertisements

Реагираше компанијата која неколку дена е предмет на обвинувања. Според нив, објектот на улица „Македонија“ бил купен со кредит пред речиси четири месеци.

„Со купопродажниот договор и кредитот од Халкбанк на 11.11.2022 година, со целосна хипотека на деловниот простор, кој ќе се плаќа на месечни рати во рок од 20 години, деловниот објект е обезбеден за нашите потреби, согласно сите законски процедури”, реагират од ЕТЦ Травел.

Обвиненијата против Груби и компанијата со која раководи неговиот брат почнаа пред неколку дена, по тврдењата на опозицијата дека поранешниот вработен во туристичката агенција Ермир Имами, жител на Дебар, основал фирма која ги мери и проценува пиштолите за гориво на дистрибутер на нафтени деривати низ бензинските пумпи. Според нив, акредитацијата на компанијата „Метролаб“ ја извршила директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи, против која ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања дека за оваа услуга добила вила на Попова Шапка./Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button