МАКЕДОНИЈА
ВМРО протестираше пред министерството за правда

Симпатизери и членови на опозициската ВМРО ДПМНЕ вечерва повторно излегоа на протест пред Министерството за правда, поради, како што велат, направдите, раваншизмот и политичко насилство. Демонстрантите од Министерството ќе се упатија кон Јавното обвинителство, каде се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Тој истакна дека учесниците на протестите се снимаат, потоа тие се идентифукуваат по што од нивните раководители добиваат разместувања во други градови низ државава. Истакна и дека со државава раководи мафија која ги наградува послушните судии и обвинители кои што работат по диктат на премиерот Зоран Заев. Мицкоски обвини и дека Обвинителството не реагира на очигледен криминал.