ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: „Тим од МНР е во Бугарија, го преговара францускиот предлог!“

ВМРО: „Тим од МНР е во Бугарија, го преговара францускиот предлог!“

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека тим испратен од МНР се наоѓа во Софија за да преговара за францускиот предлог.

Од партијата на Христијан Мицкоски бараат повеќе информации зошто ваквиот потег се држи далеку од очите на јавноста.

Во меѓувреме, СДСМ го обвини лидерот на опозицијата дека преку лажни вести се обидува да ги поткопа државните позиции за да ја спречи земјата да обезбеди датум за преговори со ЕУ.

Од Кабинетот на шефот на дипломатијата Бујар Османи пак, информираа дека министерот остварил телефонски разговор со претставници на Кабинетот на францускиот претседател Макрон, од каде што му го повториле ставот дека именувањето на граѓаните на државава како „северномакедонци“ била ненамерна грешка.

Франција го почитувала уставното име на Северна Македонија и соодветните елементи со кои е заведена во Обединетите нации./Alsat.mk

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button