ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Само 5% од приведените побарале адвокат

Само 5% од приведените побарале адвокат

Граѓаните кои биле приведени, лишени од слобода или задржани во полициска станица, многу малку го користеле своето право на заштита од адвокат и правни служби.

Народниот правобранител Насер Зибери вели дека на местата каде што лицата се приведуваат има недостиг на ажурирани списоци на адвокати кои даваат правни услуги, а има полициски станици каде воопшто нема такви списоци.

“Лишените лица, дури 5% од нив користат право на одбрана од адвокат, додека притворените до 15%. Присуството на адвокатите во првата фаза од лишувањето од слобода и притвор е многу важно како начин да се заштитат правата на овие лица и да се создаде рамнотежа помеѓу лицето против кое се преземаат овие мерки и институциите со посебни овластувања“, рече Насер Зибери, народен правобранител.

Претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски вели дека во првиот момент кога граѓанинот е приведен или лишен од слобода не му се објаснува правото и второ – адвокатите кои даваат правни услуги не се платени од државата, туку работат бесплатно.

Поради тоа што системот со полн со недостатоци, Адвокатската комора и Народниот правобранител со поддршка на Европската комисија потпишаа меморандум за соработка за зголемување на свеста на граѓаните и институциите за правото на граѓаните на заштита од адвокат./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button