ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО, Знам и Левица ја изгласаа интерпелацијата за Илире Даути

ВМРО, Знам и Левица ја изгласаа интерпелацијата за Илире Даути

Со 61 глас „за“, 22 „против“ и ниту еден „воздржан“, пратениците во Собранието ја изгласаа интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути. Против гласаа пратениците од Европскиот фронт и Коалицијата ВРЕДИ. Во меѓувреме, СДСМ, од почетокот на седницата, ја напушти салата и не сакаше да стане дел од политичките игри за етничка поделба.
Интерпелацијата против Даути, не ја поддржа ниту коалицијата ВРЕДИ.

Advertisements

„Не гледам никаков прекршок од колешката Илире Даути во комисијата за социјална политика, сметам дека оваа интерпелација е неразумна и ние како коалиција ВРЕДИ нема да ја поддржиме оваа интерпелација„, рече Имерлије Салиу-ВРЕДИ.

Претставувајќи ја интерпелацијата, од Левица рекоа дека Даути прекршила повеќе членови од Уставот и Деловникот на Собранието.

Пратеничката Даути, рече дека нејзината единствена вина е што била Албанка и дека се бори за своите права.

„Со моето разрешување, сепак не се решава прашањето и овој проблем. Затоа моето барање е сите заедно да седнеме и да го преработиме законот, вклучително и страните под исти услови. И безбедносните сили и поранешните војници на ОНА да бидат под финансиска грижа на државата, бидејќи на крајот на краиштата, ова сите го прифативме со завршувањето на вооружениот конфликт или војната во 2001 година, кога потпишавме заеднички договор„, рече Илире Даути – Претседател на Комисијата.

Дополнително од кабинетот на претседателот на Собранието излегоа со соопштение и појаснување околу интерпелацијата на пратеничката Даути.

„Истакнуваме дека гласот за интерпелацијата е израз на став на пратениците и нема правни последици што би воделе до разрешување и нема правен ефект. Назначувањата и разрешувањата се регулираат преку посебни процедури утврдени со Деловникот на Собранието, законите и Уставот. Собранието останува непоколеблив во својата посветеност на зачувување на институционалниот интегритет, почитување на законите, Деловникот, Уставот и обезбедување на транспарентност во сите парламентарни постапки„, велат од Кабинет на претседател на Собрание./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button