ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Внук на Али Ахмети ја објави својата кандидатура за локалните избори во општина Кичево

Али Ахмети, за една болва не ја пали постелата. Абаз, спаси го стадото затоа што одамна си останал без овенот…

Со овие пораки за лидерот на ДУИ, Фатмир Лимани, внук на Али Ахмети ја објави својата кандидатура за Општина Кичево како независен кандидат, во знак на револт за неговото незадоволство од случувањата во ДУИ. Тој рече дека се повлекол и од своите позиции во Елем и нема да извршува никаква функција. Во ексклузивната изјава за Алсат, Лимани изјави дека причините поради кои ќе се кандидира како независен се должат на неуспесите на ДУИ воопшто и особено на сегашниот градоначалник на Кичево. Тој ја обвини сегашната влада за неуспех во образованието, економските инвестиции и екологијата. Работи што предизвикуваат младите да го напуштат градот.

„Жално е што основните училишта се уништуваат, во гимназиите се повеќе се користи дрога и алкохол и надминува над 60%,, се зголемува вработувањето на наставници без никаков критериум и недипломирани, корупцијата, кражбата, злоупотребата на јавен имот, рекет, криминал во сите области нема граници и не застанува“, вели Лимани.

Лимани зборуваше и за поделбите во ДУИ. Тој го обвини лидерот на партијата, Али Ахмети, дека не ги зема предвид одлуките донесени од сите структури, што, според него, ја води ДУИ кон уништување. Лимани рече дека ДУИ отстапила идеолошки од моментот кога од своите редови ги избркале патриотите, борците и политичките затвореници.

„Пред неколку дена изјавив Али Ахмети, за една болва не ја пали постелата, немој да го изгубиш Изет Меџити затоа што свесно ја испраќаш ДУИ во историја. Дури и оваа порака наиде на глуво уво. Со еден збор, ДУИ тргнала кон спојување со СДСМ, концепт кој во оваа земја нема да се голтне ниту во следните 1000 години“, додава Лимани.

Лимани додаде дека ќе даде повеќе појаснувања за неговата независна кандидатура за време на дебатните емисии, каде што исто така ќе ја претстави својата програма, како независен кандидат на локалните избори во октомври.

Алсат се обиде да добие изјава од градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари во врска со обвинувањата на Фатмир Лимани, но тој не одговори на испратените телефонски повици и пораки.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button