МАКЕДОНИЈА

Во акциска контрола одземени над 10 килограми злато поради незаконско работење

Во акциска контрола одземени над 10 килограми злато поради незаконско работење

Одземени се повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) во контроли извршени вчера кај повеќе правни лица на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, констатирале и непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.

– При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени 7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато, соопштија денеска од МВР.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи биле констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button