ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Малите бизниси се соочуваат со големи проблеми

Малите бизниси се соочуваат со големи проблеми

Од поголемите бизниси до најмалите трговци на мало, сите се соочуваат со неверојатни цени за струја. Стопанствениците добиваат 60 отсто повисоки сметки во однос на истиот период лани и тоа го доведува во прашање нивното работење.
За некои цените се толку високи што нивните сметки за август изгледаат вака.
Ако до лани за струја месечно плаќале најмногу 6.000 евра, еден од хотелите во Скопје, за август добил сметка која надминува 50.000 евра.

Продавачите велат дека ќе се обидат со штедење но ако и тоа не успее ќе мора да го зтаворат бизнисот.

„Тоа е уште еден удар што ни се случува еден по друг по пандемијата што започна пред две години. اسرار لعبة البوكر Ни се зголемуваат трошоците, приходите се помали, бизнисот континуирано опаѓа. العاب قمار روليت Тоа е премногу, се трудиме да бидеме поекономични, исклучувајќи половина од работите што трошат струја… Со исклучени светла е многу потешко, треба да се продаде нешто… единственото нешто што можеме да направиме е да ги намалиме трошоците колку што можеме, и на крајот кога ќе стигнеме до ѕид, нема кај да одиме, или ќе го намалиме бројот на вработени КОИ ги имаме или евентуално затворање на некоја од нашите продавници“, рече еден продавач.

Енергетската криза не ги поштеди ниту рестораните и ќебапчилниците.

“Разликата помеѓу старите и сегашните сметки за струја е огромна. Порано фактури за струја плаќав од 9 до 12 илјади денари, а сега една сметка ми стигна 20 илјади, значи 8000 денари повеќе…Не знам зошто така кога јас трошам исто како порано, а цената е поскапа. …. Уште малку ќе издржиме, ако не, ќе затвориме“, рече еден сопственик на ќебапчилница

Со иста ситуација се соочуваат и продавачите во продавниците, не знаат како да штедат кога фрижидерите им се неопходни во работењето. Дел од нив се плашат да ги видат сметките.
“Сега со фрижидерите не знам како ќе биде, треба да одиме да ги земеме сметките оти не ни ги доставуваат. Што да кажам, се плашам да одам“, додаде една продавачка . العاب ربح /Alsat.mk

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button