
Повеќе од два месеци во аптеките ги нема дел од антибиотиците што најмногу се користат во лекувањето на најмаладите. Освен антибиотоци недостигаат и други лекарства, како и ампуларна терапија вели Аџер Халиед, матичен лекар од Струга.
Лекарите се загрижени поради недостигот на лекови.
„Кога ќе имате сознание дека имате непријател за кој треба да употребите антибиотик, имате бактериска инфекција, во тој случај треба да употребите антиботик со најтесен спектар на депување. И немање на Оспен е неприфатлива ситуација.Да се даде широкоспектарен антибиотик, антибиотик кој делува на широк спектар на бактерии, затоа што немате да дадете тесноспектарен антибиотик е многу лоша политика“, рече Горица Попова, микробиолог.
Педијатрите велат дека изминатите месеци се снаоѓаат како знаат и умеат. Тие се принудени да бараат замена за лековите кои ги нема, но оти долгорочно тоа не е решение.
„Се трудиме со разни други антибиотици, некакви замени, со спрејови со инхалации“, вели Татјана Јаќовска, педијатар.
Јаќовска вели дека недостатокот на антибитоици е и на глобално ниво.
„Во светот има недостиг на антибиотици, особено на овие сирупчиња.Нема активна супстанца. И тој проблем го чуствуваме и тука.Не е наше изолирано не е само за Македонија.Тоа е активна супстанца, која после ковидот во цел свет ја снемува.Што ќе се случува понатаму ќе видиме“, додава др. Јаќовска.
Во аптеките ги нема сирупот Оспен од 750,1000 и 1500 мг и Амосиклав од 625 мг.
Мики Трајковски