ЗДРАВСТВОРЕГИОН

Во август регистрирани речиси 100 нови случаи на морбили во Србија

Во текот на август во Србија се регистрирани 93 нови случаи на морбили, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Advertisements

Во текот на август на територијата на Нови Пазар се регистрирани 88 случаи на мали сипаници, три во Тутин и два во Белград, се прецизира во извештајот.

Од почетокот на годинава до 31 август, во Србија е потврдено дека заболеле од сипаници вкупно 348 лица.

Најголем број заболени од мали сипаници се регистрирани на територијата на округот Раш (207), во рамките на епидемијата во Нови Пазар, која беше забележана на 7 мај годинава и на територијата на градот Белград (99).

Најголем број случаи (47,1 отсто) се во возрасната група од една до четири години, каде најголем дел од болните деца (97 отсто) биле невакцинирани.

Компликација во форма на пневмонија била присутна кај 11 пациенти. Два случаи на мали сипаници се потврдени кај деца од Република Српска кои се хоспитализирани во здравствените установи во Белград.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button