Во Азербејџан се одржува конференција за климатски промени
Во Азербејџан се одржува конференција за климатски промени
Државни лидери, министри и други функционери од речиси 200 земји во светот се собраа во Азербејџан за да ги следат активностите на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени. Фокусот беше на спречувањето на глобалното затоплување и неговите смртоносни последици.
„Програмата на ОН за животна средина покажува дека сегашните политики не водат до три степени на затоплување. Овие температури би биле катастрофални за милијарди. Климатските промени се веќе тука. Од поплавени домови во Шпанија до пожари во Австралија, од зголемување на океаните во Пацификот до пустите рамнини на Источна Африка. Луѓето страдаат во сенка“, рече Мухтар Бабаев.
На оваа двонеделна конференција се очекува да се разгледаат финансиските обврски за сиромашните земји кои беа погодени од климатските промени. Земјите во развој очекуваат богатите земји да се мобилизираат за да поделат најмалку 1 трилион долари годишно, од даноците на богатите или други извори на приход.
„Треба да договориме нова глобална цел за финансирање на климата. Инвестициите за чиста енергија и инфраструктура ќе достигнат 2 трилиони американски долари до 2024 година, речиси двојно повеќе од фосилните горива“, Симон Стиел, секретар за Клима на ОН.
Од друга страна, невладините организации се загрижени дека самитот, познат како Конференција на страните, ќе биде во сенка на победата на Доналд Трамп како претседател на САД. По неговата изборна победа во 2016 година, тој нареди повлекување на САД од Парискиот климатски договор. Според анализата на Светската метеоролошка организација, 2024 година е на пат да биде најтоплата година досега./Алсат.мк
Џесика Салаху