ЗАБАВА

Во близина на Рим започна акција на продажба на куќите за едно евро

Регион во близина на Рим започна акција на продажба на куќите за едно евро. Овој месец, Мajенца стана првиот регион во италијанската престолнина што започна да продава куќи по симболична цена. Историскиот локалитет, сместен во ридовите Лепини, се надева дека ќе го подмлади населението. Градоначалникот Клаудио Спердути рече дека целта е да се вратат во живот сите имоти што се уништуваат. Има околу 100 напуштени имоти, од кои некои стануваат опасни за минувачите поради нивната лоша состојба. Оние што ќе купат куќа во Мајенца мора да ја реновираат во рок од 3 години и да депонираат гаранција од 5.000 евра, кои ќе им се вратат откако ќе ја завршат работата. Исто така, треба да се поднесе детален план за тоа што ќе се прави со имотот: куќа, продавница или ресторан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button