ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во градинките се водат по два дневника, ги пополнуваат воспитувачките

Во градинките се водат по два дневника, ги пополнуваат воспитувачките

Воспитувачките во градинките продолжуваат да работат двојно повеќе со пополнување на вообичаениот и електронскиот дневник. Агнеса Муареми, која е воспитувачка 15 години, за Алсат вели дека двојната работа предизвикува потешкотии и пречки за развојот на воспитно-образовниот процес и грижата за децата. Според Муареми, електронскиот дневник би бил посоодветен доколку градинките би биле снабдени со соодветни средства за работа.

„Ги пополнуваме двата дневници. Што и да е, нека остане само едниот. Сите активности треба да ги спроведеме со програмски план што го имаме, потоа ги запишуваме во дневник, нормално не можеме да запишеме што нам ни текнува, прво треба да го составиме дневниот план и да запишеме во едноставниот дневник. а потоа во електронскиот. Ова трае еден час или повеќе додека не завршиме се што е потребно за да се пополни дневникот“, рече Агнеса Муреми, воспитувачка.

Гзиме Бакиу, директорка на градинката „Фидани“ во Чаир, рече дека имаат само 20 лаптопи кои се донација од странска компанија, додека Министерството за социјала не финансирало ниту еден.

„Од страна на министерството не не снабдиле со ниту еден лаптоп, ниту компјутер. Но, ние како институција соработувавме со компанија од Швајцарија и имавме донација од 20 лаптопи. Добро работиме со нив, но бидејќи бројот на вработени е многу голем, тие не се доволни за секој да ги користи, па повеќето од вработените работат и со сопствените приватни телефони што ги имаат”, изјави Гзиме Бакиу, директорка на градинката „Фидани“.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, во март годинава вети дека од септември во градинката ќе остане во употреба само електронскиот дневник.

За разлика од градинките, основните и средните училишта веќе имаат во функција само електронски дневници. Електронскиот дневник или Е-Дневник започна да се имплементира во февруари 2011 година, како проект на Министерството за образование и наука со цел да се подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите и другите државни институции./Alsat.mk

 

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button