ВЕСТИЗДРАВСТВОРЕГИОН

Во Хрватска прв случај на заразен и со грип и со корона

Првиот случај на флурон е потврден во Хрватска, откако едно лице во исто време било заразено и со ковид 19 и со грип.

Случајот е регистриран во Институтот за јавно здравје (НЗЈЗ) „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб, а денеска го потврди раководителот на Одделот за клиничка микробиологија на НЗЈЗ Јасмина Вранеш за Хрватската радио и телевизија (ХТВ).

Таа рече и дека на 3 јануари во таа институција биле откриени околу 50 отсто позитивни на ковид 19, што е многу во споредба со пред една недела кога имало 30 отсто позитивни примероци. Вранеш истакнува дека ретко кој од ковид 19 се разболува три пати, но дека има и такви кои два пати заболеле од оваа болест, иако биле вакцинирани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button