Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.
Вкупно 262 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.