ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани нови 48 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираа денеска од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 1 бил примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен исто така еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button