ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Македонија за првпат потврден случај на мутираниот британски корона вирус

Британската мутација на Ковид-19 потврдена и кај нас. Министерството за здравство попладнево информираше дека при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари во приватна лабораторија, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен. Според информациите, тој првпат на 29 декември поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест кој се покажал позитивен. Истото се повторило и на 4 јануари кога веќе заминал на хоспитализација во приватната болница Жан Митрев во Скопје.

Advertisements

Министерство за здравство

„Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.“

Сепак, приватната лабараторија утврдила дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а по проверките биле детектирани сите мутации кои го дефинираат британскиот сој. Кај останатите примероци кои биле анализирани во истата приватна лабараторија не бил детектиран британскиот корона вирус.

Инаку, во последните 24 часа во земјава се регистрирани 394 нови случаи на Ковид-19 од извршени 2.236 тестови. Починале 9 пациенти, а оздравени се 387.

Во меѓувреме, на Клиниката за нефрологија има девет лекари, осум медицински сестри, еден лаборант, еден психолог и тројца болничари кои во моментов се заразени. Меѓу нив и директорката на клиниката, Ирена Бушлетиќ. Изворот за заразата сè уште не е пронајден, а работата на Клиниката се одвива регуларно.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button