ЕКОНОМИЈА

РКЕ предлага проширување на листата на ранливи категории потрошувачи

Регулаторната комисија за енергетика има намера да го прошири опфатот на ранливи категории на потрошувачи, коишто во најголем дел се соочуваат со неможност да ги покријат сметките за електрична енергија, вели во вечерашното интервју за емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, првиот човек на ова регулаторно тело, Марко Бислимоски. Како што вели тој, по средбите со лица од Министерствата за економија и за труд и социјална политика, одлучено е да се формира работна група којашто ќе работи на предлогот.

„Согласно предлогот на Регулаторната комисија за енергетика, предложивме тука да влезат и домаќинствата коишто немаат ниту еден вработен и коишто не се корисници на социјална помош. Тоа е првиот предлог, вториот е домаќинства кои имаат невработено лице коешто е корисник на паричен надоместок во случај на невработеност и тој паричен надоместок го добива од Агенцијата за вработување. Предложивме да влезат и домаќинства со повеќе од два члена, во кои има еден пензионер кој добива минимална пензија и притоа немаат никакви други приходи. Предложивме и домаќинства со повеќе од два члена во кои има само еден вработен со минимална плата и последната категорија, предлагаме да влезат домаќинства кои имаат невработено лице од 1 април 2020 и коешто е корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување“, појасни Бислимоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button