ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Маврово и Ростуше подолго нема новозаразени со Ковид-19, расте интересот за трета доза вакцина

Во општина Маврово и Ростуше, се забележува зголемен интерес за трета доза од вакцината против Ковид-19, која е аплицирана кај 192 лица, пред сè повозрасни и хронично болни, изјави за МИА Омер Дурмиши, директор на Здравствен дом „Русе Бошковски“ во Ростуше.

– Во нашата установа до сега со две дози се опфатени 2.272 граѓани, додека со прва доза моментно се 30 граѓани. Кон бројката на оние кои ги примиле двете дози од вакцината треба да се додадат и повеќе од 300 наши сограѓани кои се имунизирани во вакцинални пунктови во Скопје, како и соседните градови Дебар и Гостивар, додаде Дурмиши.

Што се однесува до епидемиолошката состојба, тој истата ја оценува како стабилна и посочува дека во изминатите три месеци нема новозаразени од опасниот вирус.

Сепак апелира и понатаму на почитување на протоколите и мерките за заштита од ширење на заразата, зашто, како што вели, битката со невидливиот непријател сè уште не е целосно добиена.
Тој до своите сограѓани и со апел што поитно да се вакцинираат зашто тоа е најефикасната заштита за себе си, најблиските и поширокото опкружување.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button