ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во моментов нема докази дека синот на заменик министерот во МВР одбил да биде сопрен од полицијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека нема докази дали синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши злоупотребил полициските светла во приватен автомобил. Според него, доколку се докаже делото ќе има кривична одговорност. Спасовски навестува дека наскоро може да се очекува документирање на случајот, но без да прецизира ништо.

Advertisements

Изминативе денови беше објавено дека синот на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, не застанал на полициската патрола кај „Качанички пат“. Патролата потоа побарала помош, по што тој бил запрен. Се тврди дека во приватниот автомобил Мерцедес имало поставени полициски ротациони светла. Официјално, случајот не е пријавен, но неофицијално се дознава дека некои полицајци го пријавиле случајот, со прецизни информации кога се случил настанот, колку минути го следела полицијата и на која локација бил запрен.

Медиумите објавија и фотографии од друг автомобил на синовите на заменикот министер паркиран кај фабриката за преработка на масло од канабис „5 Летерс“, од каде беше украдена масло за канабис во вредност од 2 милиони евра, но Спасовски рече дека за овој случај има судска одлука и се друго е шпекулација. Вториот човек на полицијата Назим Буши се уште не се изјаснил за обвинувањата против него и неговиот син.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button