СВЕТ

Во наредните недели може да се постигне примирје во Украина

Во наредните недели може да се постигне примирје во Украина

Примирје меѓу Украина и Русија може да се постигне во наредните недели. Американскиот претседател, Доналд Трамп, по средбата со францускиот претседател, Емануел Макрон, во Вашингтон, изјави дека моменталниот фокус е постигнување примирје што е можно поскоро, а на крајот, и траен мир.

Advertisements

„Целта на нашата средба денес е да ставиме крај на уште една ужасна битка, нешто што не сме го виделе од Втората светска војна. Време е да го вратиме мирот и мислам дека многу брзо ќе го постигнеме тоа. Откако се вратив во Белата куќа, направивме поголем напредок кон оваа цел за еден месец отколку во последните три години“, рече Доналд Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави.

Макрон изјави дека тој и Трамп направиле „значајни чекори напред“ за време на состанокот, истакнувајќи ја нивната заедничка желба за постигнување мировен договор, но предупреди дека тоа нема да се случи со присилување на Украина да се предаде.

„Овој мир не треба да значи предавање на Украина. Не треба да значи примирје без гаранции. Овој мир треба да ѝ овозможи на Украина суверенитет и да ѝ даде можност да преговара со другите страни“, рече Емануел Макрон, претседател на Франција.

Трамп, исто така, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да прифати европски мировни сили во Украина. Макрон нагласи дека европските држави „се подготвени“ да ѝ понудат на Украина безбедносни гаранции, „кои можат да вклучуваат и трупи“, додавајќи дека овие трупи ќе бидат распоредени за зачувување на мирот, но нема да бидат стационирани на линијата на фронтот и нема да учествуваат во конфликтот.

„Да не одиме на првата линија, да не одиме во конфронтација, но да бидеме присутни на некои места, утврдени со договор, како гаранција за зачувување на мирот и нашата колективна веродостојност, со поддршка на САД“, додаде Емануел Макрон, претседател на Франција.

Трамп не ги спомена безбедносните гаранции, но изјави дека трошокот и товарот за обезбедување мир во Украина треба да го сносат европските земји, а не само САД. Посетата на Макрон на Вашингтон се реализира на третата годишнина од руската инвазија на Украина и тој е првиот европски лидер кој се сретнал со Трамп откако тој ја презеде функцијата пред еден месец./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button