ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Охрид легализација чекаат скоро 20.000 дивоградби, некои и до самото езеро!!!

Иако заштитениот појас на Охридскиот регион беше изземен од Законот за легализација на бесправно изградените објекти, неговата евентуално примена ќе биде катастрофа за Охрид, велат од граѓанската иницијатива „Глас за спас на Охрид“. Спорниот закон Собранието го донесе, но претседателот Пендаровски во петокот не го потпиша. Сепак, пратениците сега може по втор пат да го изгласаат по што шефот на државата би бил должен да го одобри. Во една ваква ситуација од невладиниот сектор во Охрид информираат дека има и многу нелегални објекти кои се наоѓаат на нешто повеќе од 50 метри оддалеченост од езерото кои ќе може да бидат легализирани.

„Според инвентаризацијата којашто е направена, во Охрид се побарани легализации на 19.974 објекти. Тоа е сериозна бројка и излегува дека цел Охрид е дивоградба…“, изјави Андријана Башоска-иницијативата „Глас за спас на Охрид“.

За штетноста на законот, кој засега останува вон сила, на иста линија е и невладината организација „Охрид СОС“.

„Носењето на овој закон не е ништо повеќе од озаконување на криминалот на урбаната мафија“, велат од невладината „Охрид СОС“.

Инаку, локалните власти во Охрид неодамна ја продолжија акцијата за расчистување на плажите на Охридското крајбрежје уривајќи шанкови и друга нелегално поставена опрема.

Бидејќи знаеме дека на брегот на Охридското езеро има узурпатори кои направиле вистински бетонски зданија и тие мора да се решат. И не смее да се има селективност во рушењето на дивоградбите и мора да се има план – изјави Андријана Башоска-иницијативата „Глас за спас на Охрид“.

Владата, како што наведе градоначалникот на Охрид, го задолжила Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат”, на општина Охрид да ѝ стави на располагање механизација за да се интензивира отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион во заштитениот појас на паркот Галичица.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button