ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ЕСМ на тендерот на Универзалниот снабдувач понуди пониска цена на струјата од лани

Државната енергетска компанија АД ЕСМ понудила 36,1 евро за мегават час електрична енергија на тендерот на ЕВН Хоум или Универзалниот снабдувач на граѓаните со струја. Оваа сума е за седум отсто пониска од онаа која лани ја прифати Универзалниот снабдувач кога цената беше 38,8 евра за мегават час. Според информациите до кои дојде Алсат, ЕСМ понудил 70 отсто од потребната струја на ЕВН Хоум за првите шест месеци, а за останатите шест понудата на државните електрани била да обезбеди 100 отсто. На тендерот биле пријавени две фирми од енергетскиот сектор.

„ЕВН Хоум како Универзален снабдувач на електрична енергија доби најповолна понуда од АД ЕСМ со цена од 36,1 евро за мегават-час. На тендерот учествуваа две компании, АД ЕСМ и ЕФТ“, наведуваат од ЕВН Хоум.

Инаку, новата цена на електричната енергија која Регулаторната комисија за енергетика треба да се соопшти до крајот на овој месец најмногу зависи токму од цената на понудата која денеска ја даде ЕСМ на тендерот. Но, дополнително во финалната цена која ја плаќаат граѓаните влегуваат и одобрените трошоци кои ги направиле енергетските фирми во земјава МЕПСО и Електродистрибуција. Регулаторот се уште е во пресметки и според нашите информации голем дел од пријавените трошоци на фирмите нема да бидат прифатени.

Детали за тоа кои трошоци се прифатени а кои не регулаторот најавува за следната недела. Инаку, пред речиси еден месец од регулаторната комисија за енергетика кога ги објавија трошоците на МЕПСО и Елктродистрибција за кои бараат поврат на средства, регулаторот Марко Бислимовски соопшти дека доколку се прифатат сите поднесени барања, цената на струјата ќе порасне за 5 проценти.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button