Во општина Желино отворена канцеларија за подигање лични документи

Привршува дологодишното барање на општина Желино. Над 30.000 жители на оваа општина повеќе нема да треба да патуваат 20 километри за да добијат лични документи, туку тоа ќе можат да го сторат во канцеларијата отворена во полициската станица во селото Групчин.
„Морам да напоменам дека датира од 2018 година и оттогаш немаше расположение и реализирање иако поминаа седум години. Овој чекор не радува сите бидејќи јас како градоначалник постојано барав ова барање да стане реалност, бидејќи нашите барања се базираат на барањата на нашите сограѓани“, рече Блерим Сејдиу- градоначалник на општина Желино.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека отворање на вакви канцеларии ќе има и во општините Брвеница и Боговиње.
Жителите на некои од најоддалечените села во општина Желино и понатаму имаат проблем со јавниот превоз, кој го бараат со години. Првиот човек на општина Тетово Билал Касами денеска изјави дека со доделување на 200 автобуси од страна на Владата, ќе бидат опфатени не само овие села, туку и другите рурални средини во Полог.
Башким Сулејмани