КОШАРКА

Во последна секунда! Феникс Санс со триумф над Лос Акнехос Клиперс

Феникс Санс во последните секунди ја обезбеди својата втора победа над Лос Акнехос Клиперс во финалето на Западната конференција. Дуелот, одржан во Аризона, му припадна на Феникс со резултат 104-103, откако Пол Џорџ го промаши последниот удар. На другата страна се истакна Де Андре Итон, кој ги постигна клучните поени за домашните на вториот натпревар од финалето во Западната конференција. Најефикасен кај Феникс беше Камерон Пејн со 29 поени. Кај Клиперс не настапи Каваи Ленард, со што лидер на тимот беше Џорџ, кој постигна 26 поени. Третиот предизвик ќе се одржи на 25 јуни, во салата во Лос Анџелес.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button