МАКЕДОНИЈА

Во последниве 24 часа во ковид центрите хоспитализирани 43 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум  пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, еден болен на Клиниката за Дерматовенерологија, еден пациент на ковид одделението на Клиниката за Гастроентерохепатологија и шест пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица.
На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица.  Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, од кои 11 деца и 28 возрасни.
Од неделата пациенти сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button