ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во првите 100 дена Владата потфрли во сите области

Продавањето на идентитетот и јазикот, неуспехот во евроинтеграциите, економскиот крах на земјата, континуираниот криминал, лошото управување со пандемијата се само дел од прашањата што првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги смета за неуспеси во првите 100 дена на новата Влада. Поради тоа, Мицкоски бара оставка од премиерот Заев. На прашањето на Алсат дали опозицијата ќе преземе порадикални чекори од актуелните протести, Мицкоски инсистираше на лидерска средба, барање кое порано Заев директно го одби.

Advertisements

За албанската опозиција, првите 100 дена од новиот владин кабинет се само лаги. Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, обвини дека Албанците најмногу биле лажени од Заев и Ахмети кои не им исполниле ниту едно ветување. Особено ветувањето за премиер Албанец.

„Нивната цел е власта, нивната цел се индивидуалните и сопствените имиња. Нивната цел не е општото добро на гласачите, нивната цел не е економска стабилност, нивната цел не е владеењето на правото. Затоа коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива ќе дадат сè од себе. Ми се чини дали е етички, но ги повикувам сите граѓани да им се обраќаат со зборот ‘лажговци’ секогаш кога ќе ги видат на улица.“

Африм Гаши од Алтернатива ги потенцираше неуспесите на владата во управувањето со пандемијата, економскиот развој, онлајн наставата и евроинтеграциите.

„Евидентно е дека земјата се гуши секој ден, се губат работни места. Според најрелевантните институции, Светската банка и други, во текот на годината се очекува да се изгубат 85 илјади работни места. Многу луѓе во приватниот сектор се отпуштаат од работа, се отпуштаат и луѓе од јавниот сектор, а државата лицемерно го повикува приватниот сектор да не отпушта луѓе.“

Гаши нагласи дека коалицијата Алијанса – Алтернатива не гледа друго решение освен Владата да си поднесе оставка и да се формира широка Влада која ќе ја извади земјата од актуелната состојба.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button