СВЕТ
Во Русија ќе се казнува со затвор учество во невладини кои се „непожелни“

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се криминализира учеството во активности на странски невладини организации признаени како „непожелни“ во Русија.
Путин денеска го потпиша законот, пет дена откако го одобри Горниот дом на Парламентот. Претходно ваквата мерка беше изгласана и од Долниот дом на Државната Дума.
Според законот, руските граѓани може да се соочат со затворска казна од шест години доколку бидат прогласени за виновни за организирање операции на „непожелни“ меѓународни организации на руска територија.