ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков останува во притвор, судот ја одби гаранцијата од скоро 11 милиони евра

Сашо Мијалков останува во ќелија во Шутка. Кривичен ја одби неговата гаранција вредна од скоро 11 милиони евра. На одлуката на судот, поранешниот директор на тајната полиција да остане во притвор, не влијаеше ниту тоа што Обвинителството за организиран криминал даде зелено светло Мијалков по поминати два и пол месеца зад решетки, да може го напушти истражниот затвор.

„Кривичниот совет не се согласува со проценктата на обвинителството дека висината на понудената гаранција претставува доволен основ за замена на мерката притвор со гаранција“, наведуваат од Кривичен.

Кривичен одлуката ја правда и со тоа што Мијалков е веќе осуден за децениското прислушување и тоа на 12 години затвор, додека за набавката на опремата за прислушување за тајната полиција, осуден е на други осум години. Дополнително против него е поднесено и обвинение за случајот „Плацеви на Водно“. Според Кривичниот суд, пресудно да се одбие жалбата на Мијалков било и тоа што на претходните две понудени гаранции, обвинителството дало негативно мислење. Судот го посочува и мистериозното бегство на Мијалков во февруари, кога полицијата го бараше со меѓународна потерница, а потоа самиот се појави во Обвинителството.

„Обвинетиот по определување на мерката куќен притвор во предметот „Таргет – Тврдина“ повеќе од 24 часа беше недостапен на органите на прогонот, што води до заклучок дека по прифатена гаранција и
укинување на мерката притвор, може повторно да биде недостапен“, велат од Кривичен.

По одлуката на Кривичниот совет, Мијалков и адвокатите сега имаат три дена за да се жалат пред скопска Апелација. Според информации на Алсат, гаранцијата на Сашо Мијалков растела со секое претходно дадено негативно мислење на обвинителството. Обвинителот Артан Ајро вчера даде позитивно мислење за близу 11 – те милиони евра кои Мијалков ги нуди за да го напушти притворот во Шутка.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button