МАКЕДОНИЈА

Во Скопје изменет сообраќаен режим поради протест

Од 10:30 часот утре етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул. „Гоце Делчев” на потег од ул. „Беласица” кон бул.„Илинден“ и бул.„Илинден” на потег од бул.„Гоце Делчев” до бул.„Климент Охридски”, поради најавениот мото-пешачки протестен марш од Скопски саем кон Влада.

Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button