ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пауза во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се расправа за разрешување на Филипче и на Хасани

Пратениците предмалку заминаа на пауза, што ја побара пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која инсистира дневниот ред на пленарната седница, што почнува денеска да биде дополнет со предлогот за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и на неговит заменик Илир Хасани, поради трагедијата во Тетово.

Откако поминаа четири дена од оставките на првите луѓе на здравство, што досега не се доставени од Владата во парламентот, ВМРО-ДПНЕ го поднесе предлогот за нивно разрешување пред почетокот на денешната нова седница.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат за време на паузата Владата да ги достави оставките, поднесени до премиерот Зоран Заев, затоа што, како што велат, таква е процедурата.

Во случај оставките да стигнат во парламентот пред продолжението на седницата, тогаш тие би требало само да бидат констатирани, така што предлог-одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување би отпаднала од „комбинација“. Во спротивно, опозицијата ќе инсистира да се дополни дневниот ред и нејзиниот предлог за разрешување да биде прва точка, како што побара и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пред паузата на денешната седница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button